РСБСП со апел: Крајно време е да се променат навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе. Бидете одговорни учесници во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Крајно време е да се променат навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе. Бидете одговорни учесници во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел: Крајно време е да се променат навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе. Бидете одговорни учесници во сообраќајот!
    12 септември 2019

    Сообраќајните незгоди, загинати и повредени лица на патиштата се наше секојдневие, а свеста, навиките и културата на однесување во сообраќајот и понатаму не се на потребното ниво. Брзо возење, возење под дејство на алкохол, непочитување на сообраќајните правила и прописи, не користење на сигурносни појаси, употреба на мобилни телефони при учество во сообраќај,  неетичко, некултурно, неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму се главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со тешки и фатални последици.

    Она што дополнително загрижува е фактот што учесниците во сообраќајот во голем дел не се ни свесни за грешките и пропустите кои секојдневно ги прават во сообраќајот и на тој начин одредени опасни појави преминуваат во секојдневна лоша навика која често значи и причина за изгубен човечки живот.

    Најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура е на ниско ниво и дека недоволно се почитуваат сообраќајните правила и прописи, но притоа сите ја бараат вината и пропустите кај другите, а истовремено забораваат за сопствената одговорност и сопствениот придонес за побезбеден сообраќај.

    Невозможно е да помине едно деноноќие или еден викенд, а да не се случи тешка сообраќајна незгода со повредени или загинати лица. Во Република Северна Македонија, во просек годишно околу 160 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 6000 лица се  тешко повредени. Тоа значи  дека на секои два – три  дена по еден човек го губи животот во сообраќајна незгода,  а по неколку лица на  ден се тешко повредени и остануваат со траен инвалидитет како последица на сообраќај  незгода. 

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира: „Секој учесник во сообраќајот да преземе поголема лична одговорност во сообраќајот. Целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи и максимално почитување на поставената сообраќајна сигнализација е обврска на секој учесник во сообраќајот без разлика дали станува збор за  пешак, велосипедист, мотоциклист, или возач. Да продолжиме да ја градиме и да ја менуваме сообраќајната култура, почнувајки секој од себе, преку личен пример и позитивен придонес,  за помалу  жртви и поголема безбедност на улиците и патиштата.

    Последиците од секојдневната слика на која можеме да видиме возачи кои достигнуваат големи и неразумни брзини, во или надвор од населено место,  пијани возачи, возачи и патници кои не користат безбедносен појас, непрописно паркирани возила насекаде,  мотоциклисти без заштитна кацига, велосипедисти без осветлување во ноќни услови, пешаци кои се движат надвор од тротоарот и кои ја поминуваат улицата таму кај што им е „најзгодно“, итн. ги чувствуваат и ги трпат сите учесници во сообраќајот, а цената за тоа е голем број на изгубени човечки животи.

    Само во 2018 година, 133 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 5860 лица се сериозно повредени. Затоа, крајно време да се променат навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе.  Бидете одговорни  учесници во сообраќајот.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    БЕЗБЕДНИ ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ- ЗА БЕЗБЕДНА И СИГУРНА ИДНИНА
    Следна Објава:
    РСБСП со поддршка за алтернативните форми на мобилност
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS