РСБСП со апел до возачите: „Големиот број на сообраќајни незгоди и последиците од нив, нека бидат потсетување за поголема употреба на зимска опрема во возилата“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел до возачите: „Големиот број на сообраќајни незгоди и последиците од нив, нека бидат потсетување за поголема употреба на зимска опрема во возилата“

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    РСБСП со апел до возачите:  „Големиот број на сообраќајни незгоди и последиците од нив, нека бидат потсетување за поголема употреба на зимска опрема во возилата“
    14 декември 2020

    „Направи техничка проверка на возилото“, „Користи соодветна зимска опрема“,  „ Држи безбедно растојание“, „Вози внимателно на влажни и замрзнати коловози“, „Биди подготвен за безбедно патување во зима“  се само  дел од пораките и советите  кои РСБСП секојдневно  ги испраќа до учесниците во сообраќајот.

    Во рамките на Зимската кампања 2020-2021, која што има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во зимскиот период од годината и  подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема во возилата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во изминатиот период  организира  сообраќајно едукативни активности во повеќе градови во кои што возачите беа информирани и едуцирани за позитивните придобивки од употребата на зимските гуми и потребата од поседување  на зимска опрема во возилата а исто така беа организирани и  показни  вежби за правилно, брзо и  безбедно монтирање  на ланци за снег.

    Согласно наведеното РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот, за своја лична безбедност, за безбедноста на своите најблиски и воопшто за севкупната безбедност во сообраќајот, да ги почитуваат законските обврски,  да користат соодветна зимска опрема и да направат соодветна зимска проверка на возилото.  

    Оваа е период од годината кога има честа појава на дожд, магла,  снег, голомразица,  односно, оваа е период од годината  кога временските услови значително влијаат на условите за безбедно одвивање на сообраќајот и затоа возачите односно возилата  треба да бидат соодветно подготвени.

    Големиот број на сообраќајни незгоди, големиот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, нека биде предупредување и потсетување, за сите учесници во сообраќајот, дека последиците од сообраќајните незгоди не се за потценување и затоа сите треба да бидат максимално одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ги почитуваат обврските кои ги имаат како возачи а се однесуваат на зимската опрема во возилата – потенцираат од РСБСП. 

    #КористиЗимскаОпрема!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Биди подготвен за безбедно патување во зима
    Следна Објава:
    Предадена опрема од РСБСП за потребите на сообраќајната полиција
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS