РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Почитувај ги правилата и прописите и биди позитивен пример за другите учесници во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Почитувај ги правилата и прописите и биди позитивен пример за другите учесници во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот!  Почитувај ги правилата  и прописите и  биди позитивен  пример за другите учесници во сообраќајот!
    1 октомври 2019

    Безбедноста на сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. Според податоците на Светската здравствена организација:

    •  Годишно во светот, во сообраќајни незгоди, животот го губат околу 1,3 милиони луѓе, што претставува 2,2% од глобалната смртност.

    •  Од 20 до 50 милиони лица, годишно, се повредени во сообраќајни незгоди.

    •  Секојдневно, околу 140.000 лица се повредени на патиштата ширум светот.

    •  Над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди.

    •  Околу 15.000 лица дневно, се здобиваат со траен инвалидитет исто така како последица од сообраќајни незгоди.

    •  Годишно во светот, околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди.

    •  1100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди.

    •  Сообраќајните незгоди претставуваат трета причина за смртност кај децата на возраст од 5 до 9 години, втора причина за смртност кај децата на возраст од 10 до 14 години и кај лицата на возраст од 20 до 24 години и прва причина за смртност кај децата на возраст од 15 до 19 години.

    Секој загубен човечки живот, во сообраќајна незгода, претставува ненадоместлива загуба, не само за семејството, туку и за општеството. Да не дозволиме сообраќајот, од нужна потреба, да се претвори во нужно зло на современото живеење. За намалување на црната статистика, за помалку настрадани лица на патиштата, за повисока свест, за одговорни возачи, за сообраќај без жртви –  важно е однесувањето на секој учесник во сообраќајот.

    Сите ние поединечно го сочинуваме сообраќајниот систем во кој на површина излегуваат голем број на неодговорни учесници. Затоа,  за безбеден сообраќај, за помалку жртви на патиштата,  потребно е да ги промениме навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе.

    РСБСП го повикува секој учесник во сообраќајот  да го даде својот личен придонес за сообраќај без жртви, а воедно апелира – биди  одговорен учесник во сообраќајот:

    •  Намали ја брзината!

    •  Не вози под дејство на алкохол!

    •  Почитувај ја поставената сообраќајна сигнализација!

    •  Почитувај ги сообраќајните правила и прописи!

    •  Користи безбедносен појас и заштитен шлем!

    •  Вози технички исправно возило!

    •  Остави го мобилниот телефон кога возиш!

    •  Почитувај ги пешаците, велосипедистите и лицата со ограничени можности!

    •  Внимавај каде паркираш!

    •  Користи детско седиште!

    •  Не вози кога си изморен и деконцентриран!

    •  Не поминувај ја улицата надвор од пешачкиот премин!

     

      РСБСП : Биди позитивен пример! За сообраќај без жртви

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Кампања за поголема безбедност на децата
    Следна Објава:
    Десетти меѓународен симпозиум – “Интердисциплинарност, логистика и сообраќај”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS