РСБСП промовираше две нови кампањи – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП промовираше две нови кампањи

    1. Насловна
    2. Кампањи
    11 април 2016

    Одговорното учество и подигнување на културата на сите учесници во сообраќајот, како директен фактор кој влијае врз намалување на бројот на сообраќајни незгоди, претстаува императив за секоја земја.

                    За таа цел, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како тело кое безрезервно се заложува за безбезбедност на сите учесници во сообраќајот, на денешната прес-конференција ги најави двете нови кампањи за безбедно учество во сообраќајот, а воедно презентираше дел од статистичките податоци, кои се однесуваат на непочитување на сообраќајните правила и прописи, добиени од истражувања на РСБСП, како и статистички податоци за случени сообраќајни незгоди во изминатиот период .

                    Според истражувањето што го направи РСБСП, загружувачки се податоците за следниве прекршоци: 85% од испитаниците одговориле дека управувале со моторно возило под дејство на алкохол, 86% ја пречекориле максималано-дозволената брзина, додека 63% од испитаниците изјавиле дека користат мобилен телефон додека управуваат со моторно возило.

                    Новите трендови носат и нови ризици во управувањето со моторно возило и како резултат на сите истражувања направени минатиов период,  денес РСБСП промовираше две нови кампањи.

                    Првата кампања е насочена кон едукација на учесниците за штетните последици од користење мобилен телефон додека управуваат со моторно возило.

                    “Идејата е да ја подигнеме свеста кај возачите, односно да им укажеме дека и со мало невнимание при праќање порака или остварување повик, постои голем ризик од сообраќајна незгода.” изјави Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.

                    Втората кампања  има цел преку реални примери од сообраќајни незгоди  и лични судбини да ја подигне свеста за штетните последици од возењето со зголемена брзина и возењето под дејство на алкохол.

                    “Имено, преку траорни слики и текстови, кои отсликуваат реални примери, настојуваме да го предизвикаме вниманието и да ја разбудиме свеста за поодговорно учество во сообраќајот кај сите учесници. “-истакна Стаменковски.

    Двете кампањи ќе бидат комуницирани преку билборди, реклами на социјалните медиуми, постери и флаери. Паралелно со ова ќе се реализираат низа едукативни настани, предавања и други превентивни и едукативни теренски акции, кои ќе ја доближат темата до сите учесници во сообраќајот.

    Важноста на темите што ги опфаќааат кампањите е навистина голема. Затоа истите ќе се реализираат во период од шест месеци.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ги повикува сите надлежни институции да се вклучат во овие кампањи. Истовремено, испрати апел до МВР поактивно и бескопромисно да продолжи да ги санкционира сите прекршители на Законот, а учесниците во сообраќајот да го преземат својот дел од одговорноста.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Пролетна проверка на возилото
    Следна Објава:
    РСБСП започна со реализација на проектот „ Едукативен автобус“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS