Пролетна проверка на возилото – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Пролетна проверка на возилото

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    Пролетна проверка на возилото
    6 април 2016

    Пролетта е вистинското време во годината да направите темелна проверка на возилото, која вообичаено треба да се прави еднаш годишно. Убавото време и високите температури, а воедно и истекот на Законската обрска за задолжителна зимска опрема која мора да ја поседува секој автомобил (15 март), ни даваат право да почнеме да размислуваме за промена на зимските гуми и за редовни технички проверки.

          Сега е вистинско време да се отстрани солта која во текот на зимата се задржала на автомобилот и на гумите, да се провери акумулаторот, моторот и другите составни делови од автомобилот, врз кои зимата оставила свои траги.

    Во продолжение на текстов, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе ви даде неколку кратки, но многу важни совети за пролетно одржување на возилото:

           Прв и најважен совет: доколку сакате вашето возило да биде во возна состојба и да „трае“ што е можно подолг период, треба редовно да го одржувате.

     

    • Водете грижа за подвозјето, односно за долниот дел од каросерискиот дел на возилото. Во зима, вашето возило е изложено на сол, песок, кал и останата нечистотија која се насобира на долниот дел од возилото, па дури и предизвикува ерозија. Наш совет е да отидете на сервис за миење возила кој има „шмрк“ и со кој со миење под силен притисок на водата, ќе ги отстрани сите скриени нечистотии.

     

    • Исчистете го возилото да „свети“. Со чистење на возилото, внатрешно и надворешно, ја одржувате хигиената во и надвор од него во текот на целата година, но пролетното чистење треба да е потемелно. Надворешниот дел исполирајте го со восок, а внатрешно, пожелно е да направите темелно хемиско чистење со кое ќе ги отстраните сите нечистотии, остатоците од сол и кал, мирисот на влага од дождливите и снежни денови… Ова е сезона на нов старт!

     

    • Сменете ги зимските гуми. Во Македонија, иако зимите се благи и кратки, сепак потребата од зимска гума на возилото е неопходна, особено кога температурите се под 0˚С и во услови на снег и мраз. Штом температурите се искачат над 0˚С и се константни на 5 или 7˚С, тогаш е време да ги ставите универзалните гуми( летни гуми)  кои се наменети за останитите три годишни времиња.

     

    • Проверете ги сопирачките. Солта на патот може да влијае врз сопирачите на возилото. Солта може да ги корозира плочките и металните рамки кои треба да се добро подмачкани за да функционираат исправно. Проверете ги сопирачките кога ќе ги менувате гумите и заштедете време и дополнителни нервози и средства.

     

    • Ротирајте. Најголем данок на автомобил кој се вози во зимски услови, земаат дупките. За време на пролетната проверка на автомобилот, разгледајте ја можноста да ги ротирате, особено ако гумите кои сте ги употребувале во текот на зимата се универзални, односно за сите годишни времиња.

     

    • Проверете го притисокот. Притисокот на воздухот во гумата треба да се проверува во текот на целата година. Во зима тој притисок паѓа со секој пад на температурата за 6 °C, од прилика околу 450 грама или 6.4516 cm2. Затоа, од особена важност е да го проверувате притисокот на воздухот во гумите во текот на целата година, со што вашето возило ќе биде подготвено за безбедно патување.

     

    • Замена на бришачите. За тоа колку е важно да се врши редовна замена на бришачите, пишувавме и претходно. Нивно менување секоја пролет и есен, е мала инвестиција, во споредба со безбедноста и непречениот поглед на патот.

     

    Следете ги чекорите и советите кои РСБСП секојднево ги споделува со вас и ќе добиете возило во одлична форма. Возилото секогаш треба да ви биде верен придружувач на сите ваши патувања и партнер со кој ќе ги делите сите интересни моменти од патувања.  # ВозетеОдговорно!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со едукативно предавање во ООУ “Димитар Миладинов”
    Следна Објава:
    РСБСП промовираше две нови кампањи
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS