Во духот на континуираните активности, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот за соработка со сите релевантни институции и компании кои го препознаваат проблемот со безбедноста во сообраќајот, како општествен проблем, РСБСП денес потпиша меморандум за соработка и со СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија.
Досегашната добра соработка со АМЕРИТ, како опшествено одговорна компанија која се занимава со дејност поврзана со сообраќајот, како и нивните досегашни активности во подигнување на безбедноста на сообраќајот, беа само поттик за потпишување на Меморандум за соработка со кој РСБСП и АМЕРИТ го потврдија својот заеднички интерес за унапредување на меѓусебната соработка и со цел продлабочување на соработката и постигнување на заедничи цели во зголемување и унапредување на безбедноста во сообраќајот како опшествен прооблем.
Потпишуваќи го овој Меморандум за соработка двете страни се обврзаа дека ќе соработуваат во полето на унапредувањето и зголемувањето на безбедноста на патиштата, зголемување на едукацијата на професионалните возачи и намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди преку заедничко делување.
Потпишувањето на овој меморандум е добра основа во рамки својата понатамошна собработка помеѓу двете инстиутиции да разменат искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои можат да се употребат, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. – заеднички констатираат првите луѓе на двете институции.