Вие сте тука

РСБСП: Ниеден изговор не е доволно оправдување. Стави појас!

Обврската за користење на сигурносен појас во возилото се однесува како на возачите така и на патниците. Во сите возила, секаде каде што фабрички се вградени сигурносни појаси, возачите односно патниците имаат обврска за нивно користење. Не користењето на сигурносниот појас се санкционира со соодветна парична казна, но најголема казна за не користење на сигурносниот појас се последиците од сообраќајните незгоди.

Познавајки го менталитетот на македонскиот народ, можеме да кажеме дека најчесто стануваме свесни за одредени работи кога веќе е премногу касно и кога ништо повеќе неможе да се промени. За жал, секогаш кога ќе се случи одредена сообраќајна незгода со посериозни последици првото нешто што го прашуваме е: „ Возел ли брзо?“  „Бил ли под дејство на алкохол?“ „А појасот, ставен ли му бил?“ - и тогаш во тие моменти силно посакуваме да не се случило тоа што се случилило и со значителна доза на каење констатираме: „ Ех барем да го користел појасот, сигурно последиците нема да биле такви?“.  Чудно е тоа што, тоа толку силно изразено чувство на каење, трае се до моментот на влегување во возилото, а потоа повторно се по старо.

Имајќи ја во предвид ваквата состојба РСБСП уште еднаш апелира: „Биди паметен, размисли на време! Ниеден изговор не е доволно оправдување. Затоа задолжително, при секое патување, стави појас.  Појасот нека биде твој верен и неразделен пријател на секое патување, независно од тоа дали си возач или патник. Добрите навики, живот значат."

Кога станува збор за изговорите и оправдувањата РСБСП со објаснување и аргументи зошто тие се неоправдани:

  • Појасот ме стега, не можам да го носам“ – изговор кој нема смисла. Новите превозни средства се толку модерни што појасите се навистина удобни и не приметливи. Ништо поразлична не е состојбата и кај постарите возила.
  • „ Имам воздушно перниче, не ми треба појас“ – вклучувањето на воздушните перничиња  најчесто зависи од тоа дали е ставен појасот.
  • „Во случај на сообраќајна незгода, доколку возилото го зафати пожар или падне во вода , подобро е да не користам појас“ – апсолутно неоправдан изговор затоа што ослободувањето од појасот се прави за помалку од една секунда.
  • „Во сообраќајна незгода, подобро е да излетам од возилото, отколку да останам внатре во возилото!“- овој изговор е исто така неоправдан затоа што најголем број на лица кој во сообраќајна незгода излетале од возилото завршиле со фатални последици.
  • „Во сообраќајна незгода, полесно ќе биде укажана помош и полесно ќе биде изваден повредениот доколку не користи појас“ – много полесно е да се укаже помош и да се транспортира повредено лице чие тело после незгодата останало во правилна седечка положба во возилото, отколку тело кое е „разлетано“ во возилото.
  • „Возам бавно и во населено место, не ми треба појас“ – ефектите од користење на појасот се најсилно изразени при брзини кои се достигнуваат во населено место.
  • „И да користам појас, нема ефект“- истражувањата покажуваат дека ризикот за фатална повреди кај возачите и патниците се намалува дури за 50% проценти доколку возачот односно патникот користи појас.

 Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секаде и тоа кога најмалку очекувате. Никој кој учествувал во сообраќајна незгода не ни помислувал дека токму него, токму тој ден, ќе  му се случи сообраќајна незгода. Затоа, биди паметен, задолжително, при секое патување, стави појас. Секој изговор, секое неиздржано оправдување само го загрозува твојот живот.

       СТАВИ ПОЈАС!

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2020 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media