РСБСП и ОСБСП Охрид во организација на сообраќајно-едукативен натпревар „Детски семафор Охрид“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП и ОСБСП Охрид во организација на сообраќајно-едукативен натпревар „Детски семафор Охрид“

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    17 април 2026

    Во пресрет на викендот, во Охрид беше одржано сообраќајно-едукативното натпреварување за млади велосипедисти „Детски семафор Охрид“, настан кој има за цел подигнување на сообраќајната култура и едукација на најмладите учесници во сообраќајот. Натпреварувањето беше организирано од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Отсекот за превенција при СВР Охрид и Општина Охрид.

    Во рамки на настанот, учениците имаа можност да ги покажат своите знаења и вештини од областа на сообраќајот преку теоретски и практични дисциплини, а најдобрите натпреварувачи беа соодветно наградени. Доделени беа награди за освоени први, втори и трети места во поединечна и екипна конкуренција, при што најуспешните учесници се стекнаа со признанија и вредни награди за постигнатите резултати.

    Дополнително, во рамки на натпреварувањето се реализираше и ликовен конкурс на тема „Безбедно учество во сообраќајот“, на кој учениците преку креативен израз ја пренесоа пораката за одговорно однесување во сообраќајот. Најдобрите ликовни творби беа наградени, дел од истите ставени на аукција со цел собирање средства во хуманитарни цели, а дел од освоените награди на учениците им ги врачија присутните претставници на централната и локалната власт.

    На настанот присуствуваа претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, Началникот на СВР Охрид, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев – како и претставници на Советот и општинскиот ОСБСП, кои активно се вклучија во настанот давајќи поддршка за младите учесници.

    Организаторите истакнаа дека „Детски семафор“ претставува важен сегмент во градењето на сообраќајната култура кај децата, со цел создавање одговорни и совесни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст.

    Со вакви активности се продолжува континуираната заложба на РСБСП и партнерите во кампањите со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на јавната свест за значењето на почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

    " Безбедност, Велосипедисти, натпревар, Организација, ОСБСП, Охрид, РСБСП, Сообраќај
    Претходна Објава:
    РСБСП теренски ја започна камапњата за побезбеден сообраќај на мотоциклистите – „Безбедно на мотор“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и ОСБСП Охрид во организација на сообраќајно-едукативен натпревар „Детски семафор Охрид“
    • РСБСП теренски ја започна камапњата за побезбеден сообраќај на мотоциклистите – „Безбедно на мотор“
    • РСБСП со кампања: Безбедно на мотоцикл

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS