Вие сте тука

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност реализираа тркалезна маса на тема "Безбедност на пешаците во сообраќајот"

На 6 април 2022 година во просториите на Гакултетот за безбедност-Скопје беше реализирана тркалезна маса на тема "Безбедноста на пешаците во сообраќајот" Во корганизација на Факултетот за безбедност - Скопје, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Активноста е дел од кампањата ,,И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!”. Истата ќе се реализира во текот на неколку месеци, при што ќе бидат опфатени голем број градови и населени места низ државата. Целта е да се подигне свеста кај населението од сите возрасти за ризиците кои постојат во сообраќајот и да се посочи за важноста од  одговорното однесување на секој учесник.
Дополнителна вредност на оваа кампања е заедничкиот настап на повеќе клучни и значајни институции чија цел е единствена – безбедност во сообраќајот за сите!
На средбата свечено обраќање имаа: министерот за внатрешни работи, г-н Оливер Спасовски, ректорот на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски”- Битола, проф.др. Сашо Коруновски, петседателката на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Гордана Кожуваровска и  деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски. Во работниот дел на средбата, беа подготвени презентации од началници и раководители на сектори во МВР и Министерството за транспорт и врски  и професори од Техничкиот Факултет – Битола.На средбата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Претседателката на РСБСП и Деканот на Факултетот за безбедност.

 

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот