Вие сте тука

Реномирани универзитетски професори од областа на сообраќајот ќе бидат дел од конференцијата “Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа-предизвици и насоки за дејствување“

Првата меѓународна конференција насловена “Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа-предизвици и насоки за дејствување“ која ќе се одржи во хотелот Александар Палас од 29.09-01.10.2016 година, ќе биде место на кое ќе присуствуваат голем број на реномирани универзитетски професори од земјите од регионот кои доаѓаат од областа на сообраќајот, претставници на водечките тела за безбедност во сообраќајот, преставници од МВР и уште голем број на други учесници кои ќе говорат. Професорите и стручните лица ќе ги споделат своите досегашни искуства од сопствените земји во поглед на подобрување на безбедноста на сообраќајот и со своите стручни излагања ќе се обидат да ги пренесат сопствените истражувања, се со единствена цел, подобрување на сообраќајната безбедност. Еден од реномираните универзитетски професори кој ќе учествува на конференцијата е универзитетскиот е професорот Д-р Милан Вујаниќ кој доаѓа од соседна Србија.

Д-р Милан Вујаниќ е редовен професор на Универзитетот во Белград и шеф на одделот на патниот и урбаниот транспорт и транспорт и шеф на модул за безбедност. Претседател е на Комисијата експерт и на Институтот за сообраќаен факултет во Белград и редовен професор на Сообраќајниот факултет во Добој и на Факултетот за сообраќај, комуникациј и логистика во Беране. Професорот Вујаниќ го раководеше тимот за изготвување на Законот за безбедност во патниот сообраќај (Службен весник на РС, бр 41, од 02.06.2009.) и исто така бил на чело на голем број на проекти и студии во областа на безбедноста на сообраќајот. Во неговото богато резиме може да се додаде дека е именувам и за претседател на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие “Патишта Србија“.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот