Вие сте тука

РАБОТНА СРЕДБА ВО МОН ЗА АКТИВИРАЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ „ДЕТСКИ СЕМАФОР“

Денес во Министерството за образование и наука м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП оствари работна средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Беше постигнат договор за активирање на традиционалната манифестација „Детски семафор“ која ќе се реализира во текот на второто полугодие од учебната 2022/2023 година во сите основни и средни училишта од РС Македонија. Манифестацијата има натпреварувачки карактер и се организира на општинско, регионално и републичко ниво, со цел унапредување на знаењата на учениците од сообраќајната култура. Натпреварите „Детски семафор“ (за учениците од основните училишта) и „Сообраќајна култура на младите“ (за учениците од средните училишта) се состојат од теоретски дел за познавање на правилата и прописите во сообраќајот и практичен дел за вешто возење на велосипед, односно мопед.

Целни групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот