На 21 февруари 2023 година, претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска оствари работна средба со претседателот на Собранието на Репубика Северна Македонија Талат Џафери.
На средбата се дискутираше за реализираните активности на РСБСП во изминатата 2022 година и беше презентирана програмата за работа на РСБСП за 2023 година и активностите кои РСБСП, како избрано тело од Собранието на Републиката, предвидува да ги реализира во тековната година.