На 9 декември 2022 година во Љубљана, м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП и Владимир Лазаров, секретар на РСБСП, остварија работна средба со раководството на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Словенија (АВП). На средбата претставници од сите сектори на АВП ги презентираа нивните активности, а потоа беа разменети искуства од работата на РСБСП и АВП, се разговараше за натамошните заеднички активности, а посебен акцент беше ставен на превентивата за зголемување на безбедноста на сите категории учесници во сообраќајот, од најмладите па до највозрасните учесници.