Вие сте тука

Проектот “Едукативен Автобус” продолжува со реализација во новата учебна година

 Проектот наменет за едукација на деца од основните училишта за основните сообраќајни правила и прописи преку практични и реални примери насловен како “Едукативен автобус” продолжува со реализација и оваа учебна година.

Проектот организиран од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, АМСМ, МВР и ЈСП Скопје има за цел да ја зголеми сообраќајна едукација на децата, односно да ги зголеми нивните познавања од областа на сообраќајните правила и прописи преку практични и реални примери за да можат полесно да го препознаваат ризикот и опасностите во сообраќајот со кои секојдневно се среќаваат, како пешаци или како велосипедисти.

За време на едукативното возење, претставници од МВР и предавачи од АМСМ, преку инсталирана опрема ќе ги информираат и едуцираат децата за сѐ што гледаат во сообраќајот и за сите позитивни и негативни примери, а посебно ќе посветат внимание на однесувањето на пешаците и велосипедистите.

Едукативното возење со практично предавање, ќе се реализира еднаш неделно (секој вторник) во различно училиште и ќе трае до завршување на учебната година.

Сите заинтересирани Основни училишта кои се наоѓаат на територијата на град Скопје можат да аплицираат за вклучување на нивното училиште во овај проект, преку испраќање на апликација на следната емаил адреса: edukacija@rsbsp.org.mk.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media