11-13 ноември 2016, Република Македонија
Втора година по ред, РСБСП организира обука за млади лица од цела Македонија, на тема „Унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и сообраќајната култура кај младите од Република Македонија“. Обуката е на почетно ниво, а целта која треба да се постигне преку неа е да се подигне свеста кај младите и да се зајакнат нивните познавања од областа на безбедноста во сообраќајот. Обуката ќе опфати широк спектар теми од областа на безбедност во сообраќајот, предизвици со кои се соочуваат младите учесници во сообраќајот, реализација на проектна идеја, како и организирање настани за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Република Македонија.
Кој може да се пријави?
Обуката е отворена за сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 18 до 25 години, студенти запишани на дипломски или постдипломски студии на високообразовните институции во Република Македонија, за сите креативни и иновативни млади кои активно се вклучени во локалните самоуправи и во општеството и кои имаат желба и идеја за позитивни промени во безбедноста на сообраќајот во околината во која живеат.
Како да се пријавам?
Сите заинтересирани, пријава за учество на обуката можат да достават на следната е-пошта contact@rsbsp.org.mk, со доставување кратка биографија и мотивациско писмо на македонски јазик. Рокот за аплицирање е до понеделник, 31 октомври 2016 година, со назнака „Обука за безбедност во патниот сообракај“.
По завршување на младинската обука за безбедност во патниот сообраќај, секој учесник ќе добие сертификат за успешно помината обука, а воедно со тоа се задолжува да реализира активност за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, во локалната самоуправа од каде што доаѓа, во соработка со ОСБСП, а со поддршка на РСБСП.
Трошоците за обуката (сместување, превоз и храна) се покриени од страна на организаторот на обуката.
Ви благодариме за учеството!