Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Горан Ангеловски, денес присуствуваше на традиционалниот прв академски час по повод почетокот на новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје.
Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ е место каде се создаваат новите професионалци во безбедносната сфера, имајќи предвид дека голем број експерти за безбедност во сообраќајот своето образование го стекнале токму на овој факултет.
Студентите се идни носители на развојот, професионалци кои со своето знаење и ангажман ќе придонесат кон унапредување на безбедноста и стабилноста на државата.
На настанот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и директорот наАНБ Директор на БЈБ м-р Александар Јанев.
Соработката меѓу Факултетот за безбедност – Скопје и РСБСП продолжува и во наредниот период, како пример за успешна заедничка работа која придонесува за развој на науката, едукацијата и практиката во областа на безбедноста во сообраќајот.