Правилно паркирање – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Правилно паркирање

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Правилно паркирање
    9 јуни 2016

             Бројот на моторни возила во Македонија континуирано расте. Последниве 5 години, бројот на регистрирани возила е зголемен за 20 отсто. Зголемениот број возила многупати возачите ги доведува во ситуација да не можат да најдат место за паркирање на својот автомобил, да паркираат непрописно или со паркирањето да попречат нечие возило.

    Од друга страна, според Државниот завод за статистика, во Македонија, се регистрирани вкупно 20.363 паркинг места, со што бројот на паркинг места е зголемен за скоро 4000, а најголем број е во делот на катните гаражи.

    Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, паркирањето претставува проблем, но поголем проблем претставува одговорноста на возачите и нивното невнимание каде и како го паркираат возилото, независно дали во тој дел постои обележана паркинг површина или не.

    РСБСП со цел подигнување на сообраќајната свест и култура, а пред сѐ, за зголемување на безбедноста во сообраќајот, за возачите издвои неколку сегменти од Законот кои директно се поврзани со паркирањето и кои ќе ги потсетат возачите на нивните права и обврски, а на возачите-почетници ќе им помогне полесно да  ги разберат членовите и одредбите од ЗБСП.

    Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, „Паркирање на возило“ е прекин на движењето на возилото во траење подолго од три минути, освен ако прекинот се врши заради постапување според сообраќаен знак или правило со кое се регулира сообраќајот.

    За таа намена, постои специјално наменето место за паркирање на возилата – „Јавно паркиралиште“ кое е  дефинирано како  посебно уреден и обележан простор наменет за паркирање на определен вид возила. Јавните паркиралишта можат да бидат надвор од површините опфатени со патиштата и улиците или на самите патишта и улици.

    Во град Скопје и општините кои спаѓаат под него,  според Член 7 од Законот, сообраќајот на локалните патишта и улици, го уредуваат согласно со одредбите од овој Закон.

    На пример, ако во општина Аеродром не сте паркирани прописно, може да ви постават блокатор на возилото, или пак, да го преместат непрописно запреното или паркирано возило. Воедно овластените лица, според член 7 од Законот, вршат надзор над: – дотраени, оштетени и напуштени возила; – над трактори, запрежни возила и возила што се вклучуваат во сообраќајот на патиштата од градилишта, – надзор на сообраќајот во пешачките зони; – организирање и дефинирање услови за доставување на стока; – надзор над паркирање на возила на места на кои паркирањето е временски ограничено, итн.

    За движење на возила во пешачки зони, зони од посебно значење заради доставување на стока, како и во зони со ниски емисии на штетни гасови, општината односно градот Скопје издава одобрение.

    Конкретно во градот Скопје, посебно проблем претставува непрописното застанување, узурпирање тротоар или пешачка патека, попречување на пешачки премини, запирање и паркирање на места наменети за инвалидизирани лица,  итн.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Поголема регионална соработка за побезбеден сообраќај
    Следна Објава:
    „Македонија се сака на точак“ – Награден натпревар на РСБСП и АППТ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со нова кампања за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и е-тротинети за нивно безбедно учество во сообраќајот
    • РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата
    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS