Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Македонија г-дин Стојче Стаменковски, денес оствари работна средба со својот српски колега, Директор на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, г-ѓа Јасмина Милошевич.
Главна цел на средбата беше продлабочување на заедничката соработка помеѓу РСБСП и АБС со посебен фокус на организација на заеднички активности во текот на летната сезона кога бројот на патници – туристи кои транзитираат низ двете држави е доста голем како и размена на искуства, поголема регионална соработка и иницирање на поголем број на заеднички активности..
Двете страни со задоволство ја прифатија иницијативата за заедничка соработка и ја потврдија својата заложба за заедничка соработка со цел намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди притоа потенцираќи ја безбедноста на сообраќајот како глобален проблем, кој бара широка меѓународна поддршка, соработка и заеднички ангажман.