Претседателот на Република Македонија Н.Е. Ѓорѓи Иванов денес на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата му додели признание „Повелба за Македонија“.
Повелбата се доделува за постигнати резултати во својата долгогодишна дејност и во развивање на сообраќајното образование, култура, етика со што советот даде исклучителен придонес за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на патиштата во Република Македонија.
Признанието се доделува во рамки на одбележувањето – 55 години од формирањето на РСБСП.