Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потпиша меморандум за соработка со компанијата ОКТА АД – Скопје заради заеднички активности за подигање на јавната свест за поголема безбедноста во сообраќајот на патиштата. Посебен акцент ќе биде ставен на реализација на активности од општествен интерес, организација на кампањи, работилници, превентивно-едукативни и промотивни активности, конференции и други активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот.