Опрема од РСБСП за сообраќајната полиција – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Опрема од РСБСП за сообраќајната полиција

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Опрема од РСБСП за сообраќајната полиција
    30 декември 2019

    РСБСП и МВР се пример за исклучително позитивна и успешна соработка и поддршка и таа се реализира на повеќе нивоа и во повеќе области. Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција  е една од стратешките цел на МВР, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е должен секоја година 30% од финансиските средства, приход по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, да ги намени за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи, која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата. Во таа насока, а со цел исполнуваање на законските обврски, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за потребите на МВР, изврши набавка на опрема која ќе биде предадена на МВР на трајно користење, и тоа:

    • Генератор за електрична енергија,  во комплет со по два рефлектори за секој генератор  – 30  парчиња,
    • Продолжен кабел со макара – 30 парчиња
    • Инвертер на моќност од 12V во 220V – 30 парчиња
    • Мерила за алкохол во уста AlcoQuant 6020 Plus – 24 парчиња
    • Фотоапарати со DSLR сензор – 35 парчиња
    •  и друга додатна опрема ( дигитални метра, пантлики, курвиметри, шублери, итн)Опремата што ја обезбеди РСБСП, за потребите на МВР е со вкупна вредност од  3.520.000  денари.  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  согласно  своите законски надлежности  континуирано презема мерки и активности со цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата,  а со тоа и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајните незгоди. Во таа насока, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, согласно своите законски обврски, обезбеди опрема која МВР сметаше дека ќе им биде потребна како дополнителна техничка поддрашка во извршувањето на  секојдневните работни обврски од страна на сообраќајната полиција.  Примената на современа  техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата  значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го големи обемот  и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на сообраќајната полиција – потенцира претседателот на РСБСП,  Гордана Кожуваровска.

    Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција е еден од приоритети на Министерството за внатрешни работи и согласно тоа,  во изминатиот период, Министерството за внатрешни работи  интензивно инвестира во набавка на најнова и современа опрема и убедени сме дека зајакнувањето на техничките и оперативните капацитети на сообраќајната полиција ќе има позитивен импакт на безбедноста на сообраќајот на патиштата, –  потенцираат од Министерството за внатрешни работи.

    Соработката помеѓу МВР  и РСБСП продолжува и во наредниот период со цел побезбеден сообраќај и помалку сообраќајни незгоди.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Новогодишна акција на РСБСП, Триглав Осигурување и Комерцијална банка- Скопје
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Уживајте во празниците, прославете достоинствено, возете одговорно!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS