Во периодот од 16-22 септеври низ повеќе градови на РСМ беше одбележана Европската недела на мобилност. РСБСП во соработка со МВР реализираа средби со граѓаните во Битола, Скопје, Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Ресен, Охрид, Росоман- Кавадарци, Велес, Кочани, на кои разговараа за алтернативните форми на мобилност, каде посебен акцент беше ставен на велосопедизмот. На поголем број велосипедисти им беа поделени едукативни флаери со содржини за поефикасно користење на велосипедот.