Од 15 ноември стапува на сила задолжителната обврска за носење зимска опрема! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Од 15 ноември стапува на сила задолжителната обврска за носење зимска опрема!

    1. Насловна
    2. Активности
    11112014111409_zimska_oprema
    11 ноември 2015

    Подгответе ги возилата за безбедно движење во зимски услови.

    Прочитајте што сѐ е потребно за безбедно управување со вашето моторно возило во зимски услови.

    Зимата ни е пред прагот, па токму затоа и возачите треба да ги подготват своите возила за безбедно движење во зимски услови. Од 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

    Што треба да знаете за зимската опрема и што се подразбира под потребна зимска опрема?

    Под зимска  опрема  за моторни  возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира:

    – зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од четири милиметри (4 mm);

    – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина  за погонските  тркала или други соодветни помагала.

     

    Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира:

    – зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6 mm);

    – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

    Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира:

    – зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на  шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm);

    – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по  обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4mm) и синџири за снег со адекватна големина  за  погонските  тркала или други  соодветни помагала;

    – автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават  синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и:

    – прирачен алат – лопата.

    Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:

    „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

    Во патниот сообраќај, на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

    Полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира – возачи, носете ја и користете ја зимската опрема за своите возила, само на тој начин, пред сѐ, самите ќе си овозможите услови за безбедно управување со своето возило и безбедно и непречено ќе пристигнете на саканата дестинација!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    img_9535
    Претходна Објава:
    Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! – Едукативно предавање за основците од Петровец
    Следна Објава:
    15 Ноември – Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
    img_9593
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS