- Не се сеќавате целосно на последните поминати километри.
- Ја преминувате лентата која ги дели двата коловоза или возите по лентата која го означува десниот раб од коловозот, односно не го држите правецот во сообраќајната лента.
- Отсутни сте , деконцентрирани и мислите постојано ви лутаат.
- Често се прозевате.
- Имате проблем со фокусираноста.
- Имате проблем да ги држите очите отворени.
- Ги пропуштате сообраќајните знаци и неможете да ги следите.
- Не се исклучувате од сообраќајната лента соодветно и не се постројувате во сообраќајната лента прописно.
- Не можете да ја држите главата исправено.
- Чувство на вкочанетост во вратот и трнење на очите.
Кога возите уморни и сте во опасност да заспиете, вие всушност и неможете да предвидете кога ќе се случи “Мини спиење” кое секогаш завршува фатално. Затоа застанете и поспијте, на тој начин не смао што ќе одморете туку и ќе го спасите вашиот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.
Што треба да направите доколку патувате на подолга дестинација?
- Организирајте една ноќ на одмор пред да тргнете на пат, односно пред да возите.
- Доколу сте уморни и ненаспани застанети и поспијте. Кратка дремка (од 15 до 45 минути) и конзумирање на кофеин ќе ви помогне привремено.
- Не возете и не одмарајте во редовни интервали на долги растојанија. Излегувај те од автомобил почесто и согласно потребите.
- Поставете реална цел за бројот на километри кои можете безбедно да ги возите.
- Избегнувајте земање лекови кои предизвикуваат поспаност.
- Конзумирајте повеќе течности и лесна храна.
Кога најчесто возачот заспива зад воланот?
- Кога патувате сам.
- Во раните утрински часови, на изгрејсонце.
- Во текот на денот кога сонцето најсилно грее.
- Во текот на ноќта кога паѓа интензитетот на сообраќајот.
- Кога патувате на долги растојанија, без интензивен сообраќај, по рамни и прави автопати.