Безбедно учество во сообраќајот за време на празниците – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Безбедно учество во сообраќајот за време на празниците

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Безбедно учество во сообраќајот за време на празниците
    29 јули 2016

       Средина е на летото. Летната сезона е во полн ек, а пред нас е уште еден празничен викенд кој за многумина ќе биде продолжен и добредојден за одмор и за посета на нови дестинации.

           Одлична можност за целосно уживање во бескрајните сончеви денови, во прекрасните градови, плажите, природните богатства и можност за безброј неверојатни искуства на патиштата и на off road патеките. Тука веќе започнуваат соништата и подготовките за претстојниот викенд, а за сѐ да помине во најдобар ред и за долго да се прераскажуваат доживувањата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и овој пат, подготви неколку кратки совети и потсетувања за сите учесници во сообраќајот.

    За безбедни патувања задолжителна е сновната проверка на возилото:

    • Подгответе го автомобилот – сервисирајте го и проверете дали сте подготвени за итни случаи со сет за прва помош, вода, ќебе, ламба и др.
    • Проверка на гумите и притисокот на воздух во нив
    • Проверка на светлата
    • Проверка или замена на брисачите
    • Проверка на маслото
    • Проверка на климата во возилото.

    Во случај на дефект на возило, пренос на возило во случај на дефект кој не може да се отстрани на самото место, во случај на сообраќајна незгода или друг вид имобилизација, како и сервисни услуги, свретете го бројот 196.

    Најважно од сѐ е вие да се подготвите пред пат:

    • Возете наспани и одморени пред подолго возење. Испланирајте го патувањето и правете редовни паузи за да го избегнете заморот.
    • Тргнете на пат додека е посвежо, препорачливо е во раните утрински часови.
    • Избегнувајте да возите ноќе. Ноќното возење бара поголема концентрација и поголеми возачки вештини.
    • Останете смирени и не се обидувајте „да си мерите силите“ и возачките вештини со другите возачи или да се грижите за нивните одлуки. Ако другите возачи грешат, не се лутете, само сконцентрирајте се на вашето однесување и безбедност.
    • Ако имате деца во автомобилот, настојувајте да се во соодветно детско седиште или соодветно заштитени со појас.
    • Ако патувате со миленици, бидете сигурни дека движењето им е ограничено – за безбедност на сите.
    • Обрнете внимание на добрите техники за возење.
    • Прилагодете ја брзината со ограничувањата на патот.
    • И возете трезни!

          Условите за возење во лето се комплексни и влијаат на способноста за возење на возачот, техничката исправност на возилото и на условите на патот. Опасностите со кои може да се соочи секој возач зависат  и од моменталната временска прогноза, односно, во еден момент може да е екстрмно топло и и сончево, а во следниот момент може да има невреме проследено со силен летен дожд, ветер и грмотевици. Бидете внимателни!

    Секогаш прилагодувајте се кон условите во кои возите:

    • Летната бура – па дури и сочевите зраци – бараат голема претпазливост. За да се заштитите од силното сонце и за да бидете фокусирани на патот пред вас, секогаш носете очила за сонце со заштитни УВ стакла, а доколку ве фати невреме застанете на првото безбедно место (мотел, бензинска пумпа), почекајте да престане дождот или почекајте убаво да изврне. Дождот во комбинација со маслото и нечистотијата на патот, ги прави патиштата  многу лизгави.  На постојан дожд за миење на нечистотијата од патот, потребни се 30-тина минути. Временската прогноза за овој викенд може да погледнете на следниов линк: http://www.accuweather.com/en/mk/macedonia-weather
    • Никогаш не ја делете вашата лента со мотоциклистите. За нив, како и за сите учесници во сообраќајот, им следува простор во цела лента.
    • Зголемете го растојанието кога возите зад мотоцикли.
    • Останете фокусирани и постојано следете на ретровизорите дали во вашата близина има друго возило, мотоцилисти или велосипедисти.
    • Кога минувате низ градежни зони, бидете екстремно претпазливи, следете ја патната сигнализација и внимавајте на пешаците или на работниците.

     

    За  навремени и квалитетни информации за состојбата на патот се грижи  посебна служба  на АМСМ

    Патни информации (02/ 15 555) вклучувајќи информации за состојбата и евентуалните застои на патиштата низ Републиката, информации за работа на пат, состојбата на граничните премини и туристички информации за Македонија и за повеќе од 30 европски држави.

    Советите, сервисните информации и апелите за безбедно учество во сообраќајот се само мал дел од мерките кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во комбинација со активностите на терен, ги презема за да допре до свеста на сите учесници во сообраќајот, без разлика на возраста и возачкото искуство. Превентивните и едукативните активности кои ги пласираме преку социјалните медиуми, не се наменети само за возачите, туку и за пешаците, велосипедистите, мотоциклистите… односно за сите учесници во сообраќајот.

     

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува сите учесници во сообраќајот дека на секое патување, најважно од сѐ е да стигнат здрави и живи до саканата дестинација.

    РСБСП Ви поскува среќен пат.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Неколку знаци кои ќе ви кажат како да го препознаете заморот
    Следна Објава:
    #ЈасВетувам – нова кампања на РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS