Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    13 јуни 2025

    Во текот на вчерашниот ден (12 јуни), во рамките на сеопфатните кампањи за унапредување на сообраќајната култура – „Сите сме пешаци“, „Безбедно на мотор“ и „Заврти на сигурно со велосипед и е-тротинет“, на булеварот „Партизански одреди“ во центарот на Скопје се одржа превентивно-едукативна активност.

    Настанот беше организиран од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), полициските службеници од СВР Скопје-Одделението за превенција при Министерството за внатрешни работи (МВР) и членови од Мото клубот „Вепар“ од Скопје.

    Главната цел на настанот беше подигнување на свеста за одговорно и безбедно учество во сообраќајот, особено кај категориите учесници кои најчесто се изложени на ризици – пешаци, мотоциклисти, велосипедисти и корисници на електрични тротинети.

    Минувачите имаа можност одблиску да се запознаат со мотоциклите на членовите од Мото клубот „Вепар“, да разговараат со искусни мотоциклисти и полициските службеници за правилата и прописите во сообраќајот, како и да добијат едукативен материјал со практични совети за безбедно движење по тротоарите, велосипедските патеки и патиштата. Дополнително, граѓаните добиваа флаери, маички и капи со едукативни тематски пораки, кои треба да ги потсетуваат на важноста од внимателно и одговорно однесување во сообраќајот.

    Присутните претставници од РСБСП и МВР апелираа до сите учесници во сообраќајот, без разлика дали се зад воланот, на моторцикл, велосипед, на тротонет или пеш – дека безбедноста зависи од секој поединец. Воедно, потсетивме на важноста од почитување на правилата, носењето заштитна опрема и одговорното однесување во сообраќајот, со цел спречување на сообраќајни незгоди и зачувување на човечки животи.

    Превентивно-едукативната активност наиде на позитивни реакции и прием од страна на граѓаните, кои покажаа голем интерес за пораките што се пренесуваа. Вакви активности како дел од заложбите на РСБСП за унапредување на сообраќајната безбедност ќе продолжат и во други градови низ државата, со цел создавање побезбедна и покултурна сообраќајна средина за сите учесници во сообраќајот.

    " БезбедниПатишта, БезбедноНаМотор, БезбедностВоСообраќајот, Велосипедисти, ВнимателноНаПат, Едукација, ЗавртиНаСигурно, ЗаедноЗаБезбедност, МВР, МотоКлубВепар, Мотоциклисти, ОдговорноВозење, Пешаци, Превенција, РСБСП, СитеСмеПешаци, Скопје, СообраќајнаКултура, СообраќајнаСвест, Тротинети
    Претходна Објава:
    Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS