Моќните детски пораки ќе допрат до сите учесници во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Моќните детски пораки ќе допрат до сите учесници во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    deca4
    3 октомври 2015

    Кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата “ Да ги заштитиме децата во сообраќајот” продолжува со уште позасилено темпо. Освен првично најавените познати личности, порака за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот испратија и познатата манекенка Катерина Ивановска и славниот гитарист Владимир Четкар.

    Покрај нив, во кампањата свој придонес дадоа и оние учесници во сообраќајот кои што се најзасегнати кога станува збор за оваа кампања – децата. Најмалите од детската градинка “Орце Николов” од општината Карпош облечени во флоуресцентни елечиња, црвсто држеjќи ги жолтите табли со пораки до возачите, се прошетаа низ улиците на Карпош и ги упатија своите пораки до возачите.

    Дел од искрените моќни пораки гласеа: “Секое дете заслужува да му се радува на животот”, “Вози внимателно – ти си одговорен”, “Детската љубов нема граници, детскиот живот нема цена” “Биди совесен возач” и уште голем број други пораки испратени од дечињата со надеж дека тие ќе допрат до секој учесник во сообраќајот.

    Покрај познатите личности и најмалите, кон кампањата се приклучија и основците од О.У “Димитар Македонски” од скопската населба Лисиче, упатувајки силен апел до сите возачи да бидат совесни и да внимаваат како на нив така и на останатите учесници во сообраќајот.

    Од РСБСП истакнаа дека се задоволни од досегашното одвивање на кампањата со надеж дека овие пораки на децата ќе допрат длабоко во свеста на секој возач. Исто така апелираат и до останатите надлежни институции да се приклучат и да дадат свој допринос во оваа кампања, со што заеднички ќе се постигне и крајната цел, односно подигнување на јавната свест на возачите за зголемување на безбедноста на децата како учесници во сообраќајот, а со тоа и намалување на бројот на деца жртви во сообраќајни несреќи на 0.

    Оваа кампања организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја приклучува и Република Македонија во светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји низ целиот свет.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    slika_2_
    Претходна Објава:
    РСБСП на трибина на тема “Младите и безбедноста во сообраќајот” во Куманово
    Следна Објава:
    Обука за млади – Одговорното возење спасува животи
    12115588_981002328607464_8917554279524938261_n
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS