МЛАД ВОЗАЧ, БЕЗБЕДЕН ВОЗАЧ. – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    МЛАД ВОЗАЧ, БЕЗБЕДЕН ВОЗАЧ.

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    13 мај 2016

    Возачите почетници спаѓаат во категоријата на ранливи и ризични учесници во сообраќајот од неколку причини и тоа: недоволното искуство, ограничените вештини и способности, ограниченото знаење, склоноста кон преземање на ризик, нивната младост, темперамент, итн.

    Техниките и вештините за безбедно управување со моторно возило се стекнуваат со искуството и со поминатите километри. Во овој проект ќе се надградат возачките способности кај возачите почетници преку обезбедување на можност да  учат од најдобрите,  да им бидат укажани најчестите грешки кои ги прават возачите почетници,  да бидат посочени  сите можни моменти и ситуации во кој може да се најде еден учесник – возач во сообраќајот.

    “Целта на проектот е подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку  надградување на сообраќајната едукација на возачите почетници, со посебен акцент на зголемување на нивната практична обука за безбедно управување со моторното возило. На наше задоволство, ваков проект за прв пат се реализира во Македонија и истиот сериозно ќе подигне едукацијата и сообраќајната култура кај младите учесници во сообраќајот, а со тоа најважно ќе придонесе за намалување на бројот на сообраќајни несреќи и жртви во нив. Ги повикувам  младите активно да се пријавуваат во  овој проект, и секако да возат одговорно и да бидат одговорни возачи.” – истакна М-р Стојче Стаменковски, Претседател на РСБСП.

    “Едукацијата на возачите почетници има посебно значење во сообраќајот особено поради високиот степен на моторизацијата, како и зголемениот број на малолетни лица кои учествуваат во сообраќај како возачи на возила од различни категории. Затоа, ние како импортер на моторни возила коj директно комуницира со возачите почетници при изборот на нивното прво возило, ја чувствуваме одговорноста за нивна едукација не само при набавката на возилото, туку и во понатамошниот развој на сообраќајната култура. Наша должност е да поддржиме и учествуваме во кампањи од ваков тип” – изјави Дејан Ѓорѓиевски, Маркетинг Менаџер на Порше Македонија.

     “Ако земеме во предвид дека според статистиката во РМ младите и неискусни возачи повеќе учествуваат во сообраќајните несреќи од другите, и се во голема опасност да станат дел од таква трагедија се додека не стекнат поголемо искуство, оттаму произлегува и важноста на еден ваков тренинг. Мотоцентар како општествено одговорна компанија ги поддржува и во иднина ќе се залага за сите настани за подобрување на безбедноста во сообраќајот во РМ”. – ” – додаде Г-ѓа Моника Бошкоска, Mаркетинг Mенаџер во Мотоцентар.

    Проектот најнапред ќе се реализира само во Скопје, а понатаму и во останатите градови во Македонија.  Обуката ќе биде поделена теоретски и практичен дел. Пректичните обуки ќе се одржуваат со поддршка на Европскиот шампион и најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе. Начинот и формата за пријавување, како и условите за учество веќе од денес ќе може да се најдат на facebook страната на РСБСП и компаниите кои го поддржуваат проектот. Секој учесник по завршувањето на обуката ќе се стекне со сертификат за безбеден и одговорен возач – почетник.

    Ова е прва ваква соработка во која своја поддршка за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата даваат општествено одговорни компании и се надеваме дека ова ќе биде добар пример за градење партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор во остварување на една поширока општествена цел.

    На следниот линк може да се пријавите за учество на обуката:

    https://www.facebook.com/rsbspmk/app/1767248703496896/

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    СЦ Борис Трајковски и РСБСП потпишаа меморандум за подобрување на безбедноста во сообраќајот
    Следна Објава:
    РСБСП со штанд на Отворен ден на Американ Колеџ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS