Новости и активности

Вие сте тука

Кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ на РСБСП успешно спроведена во осум градови ширум земјата

Со цел подигнување на свесноста во сообраќајот, РСБСП ја  реализира кампања „БЕЗ ИЗГОВОРИ“, преку која се разоткриваат најчестите изговори што учесниците ги користат за да го оправдаат своето однесување во сообраќајот, односно за прекршување на сообраќајните правила и прописи . Како дел од кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ во осум градови ширум земјата беа реализирани теренски активности во чии рамки преку прашалник учесниците одговараа за најчестите изговори кои тие ги користат.

Грешките во сообраќајот се чести  и тие се поткрепени со изговори кои пак се причина за соообраќајните незгоди, кои неретко завршуваат фатално.  Имајќи го ова во предвид, РСБСП ја реализира кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ за  да ја подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот преку посочување на најбизарните изговори што ги користат за да ги оправдаат постапките, како и едукација за последиците што можат да настанат од непочитувањето. Најчесто користени изговори се зборување на мобилен телефон, брзање, возење над дозволената брзина и многу други кои можат да завршат со повреди и смрт.

Затоа прашањата „Го користам телефонот додека возам“, „На црвен семафор би поминал само“, „Не застанувам на пешачки затоа што“ беа дел од прашалникот што беше спроведен во Скопје, Охрид, Гостивар, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип и Гевгелија.

Според резултатите од прашалникот, најчест изговор за поминување на црвен семафор што го дале анкетираните е дека би го направиле овој прекршок доколку се брзаат, најголем број од испитаниците на пешачки не би застанале доколку се сигурни дека пешаците ќе се тргнат, додека 47%  од нив изјавиле дека го користат телефонот додека возат доколку сметаат дека повикот е итен.  Покрај секој одговор, учесниците беа запознаени со факти поврзани со последиците од несоодветното и неодговороното  учество  во сообраќајот, а за своите одговори беа наградени со подароци од РСБСП.

 

 

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media