Вие сте тука

Кампања за ранливи групи

Од денеска започнуваат активностите дел од кампањата за подигнување на свеста кај ранливите учесници во сообраќајот, кои ќе траат до 31 мај.

Првиот дел од кампањата, како целна група ги има пешаците, односно за децата како учесници во сообраќајот.

За таа цел денеска пред трговскиот центар „Капитол мол“  дечињата од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски, од полицајците учеа како правилно се поминува на пешачки премин, како и препознавање на ризиците во сообраќајот и зголемување на вниманието на сите учесници во сообраќајот.

-Од денес започнуваме со неделата на пешаците, во која сакаме посебно внимание да привлечеме на однесувањето на пешаците, но и однесувањето на сите други учесници во сообраќајот, во функција на поголема безбедност на пешаците. Бројките говорат дека во Република Македонија во првото тримесечје од 2015 година за жал имаме вкупно 23 жртви од кои 7 се пешаци, а на територија на градот Скопје, од вкупно 8 жртви, 50% се пешаци, а тоа во суштина ја потврдува оправданоста од една ваква кампања, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Откако ги научија и ги повторија правилата, тие потоа ги набљудуваа останатите пешаци дали се однесуваат според сообраќајните правила. При тоа делеа летоци на кои беа напишани пораки: „Децата учат на училиште како да се однесуваат во сообраќајот, но сепак се огледуваат на своите родители и останатите возрасни“, „Да внимаваме каков пример им даваме, да се грижиме за нивната безбедност и иднина“, „Однесувај се одговорно во сообраќајот за доброто на сите деца на нашите улици и патишта“.

-Започнуваме со пешаците и со децата од основните училишта, затоа што сметаме дека навиките и карактерот во сообраќајот се гради од најмали години.  За таа цел РСБПС посебни едукативни материјали  и флаери кои ќе им бидат поделени на пешаците за тоа како треба да се однесуваат во сообраќајот, нагласи претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски.

Целта на оваа активност е преку вежбовните активности кои ги презентираа полициските службеници, на децата директно да им се посочат практични примери за правилно и неправилно однесување на пешаците во сообраќајот, преку кои ќе ги согледаат грешките кои секојдневно ги прават пешаците, а кои се потенцијален ризик за загрозување на нивната безбедност во сообраќајот.

-Преку денешните вежби децата се учеа правилно да преминуваат преку улица и да ги препознаваат ризиците во сообраќајот како што се користење мобилен телефон или слушалки, или пак, претрчување преку улица вон обележан пешачки премин“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

Оваа година кампањата ќе се реализира и на локално ниво, во градовите каде има диспензирани канцеларии на републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media