Во рамки на кампањата ,,Носи кацига, вози одговорно”, на 03.07.2022 година ( недела ) РСБСП во соработка со МВР, Отсекот за превенција при СВР – Битола и Факултетот за безбедност од Скопје, продолжија со своите активности.во Битола. Исполнувајќи ја својата советодавна задача се со цел подигнување на нивото на сообраќајна култура со посебен акцент кај возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети, беа поделени едукативни флаери, ладна вода, маици како рекламен материјал и реализирани корисни разговори со затекнатите учесници во сообраќајот.
Во овој летен период, бројот на велосипедистите, луѓето кои возат мопеди и електрични тротинети е секој ден се поголем. Од особена важност е сите овие да внимаваат како се однесуваат секојдневно. Потребно е како и останатите учесници во сообраќајот да се движат на соодветните места наменети за нивната категорија, да ги почитуваат правилата и прописите , со што ќе се намали нивниот удел во сообраќајните несреќи во кои се жртви пред се пешаците.
Лицата кои управуваат електрични тротинети, покрај осветлувањето треба да носат и рефлектирачки елеци доколку се движат во период откако доаѓа вечерта, па се до раните утрински часови.
Со почитувањето на правилата и прописите, и со подигната јавна свест, како и со заштитните средства како што се кацигите, значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се намали бројот на инцидентите кај оваа категорија на учесници. Носењето кацига може да го спаси животот. Иако минатата година е најбезбедна во последните 15 години на ниво на држава, сепак имаме 11 возачи на мотори кои го изгубиле животот. Нашата задача е да ги почитуваме правилата и носиме заштитен шлем, така што оваа бројка значително би се намалила, со тенденција да падне на нула. Податоците од првата половина на 2022 година на територијата на СВР Битола покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првата половина на 2022 година може.да се каже дека немаме жртви моторциклисти, додека минатата година биле 2 жртви во првите пет месеци од 2021 година. Исто така и бројот на моторциклисти кои се здобиле со тешки телесни и телесни повреди е во намалување споредбено со минатата 2021година.