Како да ги заштитиме децата во сообраќајот? – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Како да ги заштитиме децата во сообраќајот?

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    child-road-accident-claims
    1 септември 2015

    1-ви Септември традиционално го означува почетокот на новата учебна година. Самиот почеток на новата учебна година наметнува многу прашања, но онаа на што Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата укажува се децата и нивната безбедност во сообраќајот.

    Статистичките податоци укажуваат на фактот  дека бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди е недозволиво висок  и дека  учеството на децата во вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди покажува тренд на  зголемување што  ја наметнува потребата за преземање на соодветни мерки за поголема безбедност на децата во сообраќајот.

    За таа цел РСБСП укажува на неколку корисни факти, совети и состојби:

    Децата се учесници во сообраќајот, во кој се кријат опасности! Затоа , РСБСП потсетува дека е потребно да се  советуваат децата дека:

    •  местата  каде се одвива сообраќајот, не се места за играње;

    •  децата не смееат да истрчуваат зад паркираните или запрени возила, затоа што возачите не можат да ги забележат;

    •  децата секогаш се движат по тротоар и што е можно подалеку од улица;

    •  на улици  без тротоари децата  секогаш треба да  се движат по левата страна, и задолжително  во колона, доколку се движат во група;

    •  улицата секогаш треба да се преминува  на пешачки премин и само на зелен пешачки семафор. Задолжително пред да се помине улицата да се погледне лево и десно.

    Родители, вие сте одговорни!

    Секој почетокот на новата учебна година, децата  одат на пат кон училиште и се враќат  (некои по прв пат). И секоја година  е повторна опомена за возрасните, било како возачи или како родители. Да внимаваме на младите  активни учесници во патниот сообраќај.Како да ги заштитиме децата во сообраќајот?

    – Како да се намали ризикот од страдење на децата во сообраќајот ?

    Родители во вас е најголемата одговорност.  Без оглед на фактот дека  децата се едуцираат за  безбедно учество во сообраќајот уште во предучилишни институции, и  понатаму продолжуваат  и во основните училишта, улогата на родителите е најважна и незаменлива.

    Во рамките на подготовката на децата за училишната година  потребно е на детето да му се покаже најбезбедниот и најкраткиот  пат од дома до училиште и обратрно. Да се објаснат основните сообраќајни правила   и посебно да се  укажа на потенцијалните опасни места и опасни ситуации.  Доколку го носите вашето дете во училиште со автомобил секогаш користете детско седиште, сигурносен појас и никогаш  не го превезувајте вашето дете на предното седиште.  Секогаш пред училиште пречекувајте ги вашите деца во училишниот двор а не преку улицата. Личниот пример, кој секојдневно им го демонстрирате   на децата  во сообраќајот односно однесувањето на возрасните во сообраќајот, претставува многу важна сообраќајно – воспитна компонента која секојдневно  им ја нудиме на децата кои како наши почитувачи безрезервно ја прифааќаат и применуваат.   

    Да внимаваме на децата во сообраќајот затоа што нивната безбедност во сообраќајот е наша одговорност.          

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    img_6437
    Претходна Објава:
    Алкопатролата “Вози трезен стигни жив” на РСБСП во посета на Велес
    Следна Објава:
    Јавна расправа – Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата
    11951393_962572983783732_6980887519594287515_n
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS