Јавна расправа – Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Јавна расправа – Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    11951393_962572983783732_6980887519594287515_n
    2 септември 2015

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес со свое стручно мислење учествуваше во јавната расправа организирана од страна на Националниот совет за Европски интеграции и Комисијата за одбрана и безбедност во собранието на Република Македонија, а по повод новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

    Во прилог на овој текст го изнесуваме ставот на РСБСП по однос на новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

               Безбедноста во патниот сообраќај претставува сложен и динамичен систем, кој преку ангажирање на сите елементи и структури, има за цел превенција од сообраќајни незгоди и намалување на последиците од сообраќајни незгоди.

                За подобрување на безбедноста во сообраќајот, а со тоа и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и последиците од нив, придонесува правилното уредување на правните прописи и законската легислатива од оваа област, односно дефинирањето на казнена политика.

                Одговорност на возачот претставува постоење на свест дека со почитување на сообраќајните прописи, односно со совесно и неризично однесување за време на управување на моторно возило, се намалуваат можностите за загрозување на сопствениот живот и здравје, и животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот. Зголемениот број на одредени прекршоци во сообраќајот и рецедивизмот кај некои несовесни учесници упатува на потребата од нов пристап во настојувањето за градење на сообраќајна култура и почитување на сообраќајните правила и прописи.

                Едукацијата и унапредувањето на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот, во содејство со целосно почитување на одредбите од Законот во делот на глоби и казни, значително помага во подигнувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

                Собранието на Р. Македонија уште во првата национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот ги утврди рамките во коишто треба да се движи законската регулатива во оваа област. Секако потребата се наметна и од одредени законски решенија кои што во постојниот закон се покажаа како неспроведливи и конечно потребата од усогласување на законските решенија со европските директиви во оваа област.

                Преку предложениот закон за безбедност на сообраќајот на патиштата во Р.М., се утврдуваат правилата и прописите коишто треба да ги почитуваат сите учесници во сообраќајот и треба да очекуваме сите тие правила да бидат почитувани од страна на сите субјекти во сообраќајниот систем. Токму тука ќе биде улогата на стручната јавност, медиумите и на сите други заинтересирани субјекти коишто на било кој начин се поврзани со безбедноста во сообраќајот, да ги запознаат сите учесници во сообраќајот за правилата и прописите, како и за последиците од непочитувањето на овие прописи.

                Република Македонија, како кандидат за членство во ЕУ, а согласно Извештајот за напредокот за членство во ЕУ има обврски за усогласување и имплементирање на одредени препораки во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Една од тие препораки всушност се однесува на зајакнувањето на капацитетите во државните институции и на РСБСП, а во насока на создавање на подобри предуслови за имплементација на веќе усвоената втора национална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во РМ 2015-2020.

                РСБСП преку своите работни групи и тела го анализираше предложениот закон за безбедност во сообраќајот и врз основа на резултатите од широката и сеопфатна анализа утврди дека со предложениот Закон за безбедност на сообраќајот ќе се овозможи воспоставување на формално-правни претпоставки за имплементација на стандардите и принципите коишто важат во областа на сообраќајот на патиштата во Европската Унија. Исто така, предложениот закон ги идентификува сите недостатоци во делот на безбедно одвивање на сообраќајот и во рамките на истиот предвидени се соодветни решенија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во РМ.

                Одредбите дефинирани во Предложениот Закон за безбедност во сообраќајот се во насока на постигнување на зацртаните цели во Втората Национална стратегија на Р. Македонија, за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година, а тоа е бројот на жртви во сообраќајните незгоди до 2020 година да се намали до просекот на бројот на жртви вo државите членки на Европската унија. Бројот на жртви – млади возачи да се намали за 30%, бројот на сериозно повредени да се намали за 40%, а бројот на деца – жртви во сообраќајот да се намали на нула. Постигнувањето на оваа цел ќе го намали бројот на жртви во сообраќајот, како и другите последиците од сообраќајните незгоди, но и физичките и психички страдања на директните учесници и на нивните роднини. И покрај тоа што сообраќајните незгоди најчесто се набљудуваат низ призмата на хуманата димензија, тие исто така во себе содржат и економска димензија, па затоа предвиденото значително намалување на сообраќајни незгоди ќе донесе и финансиски заштеди за целото општество.

                Како што и самиот предлагач на законот истакнува, во текот на изработката на законот искористени се компаративни искуства од соодветните закони во повеќе земји од Европската Унија, со цел решавање на наведените прашања согласно европските стандарди и практики коишто важат во областа на безбедноста во сообраќајот.

                За поздравување се одредбите од Законот коишто се насочени кон зголемување на безбедноста на патиштата, а се однесуваат на намалување на максимално дозволената брзина во населени места од 60 на 50 км/ч. Пречекорувањето на брзината на движење претставува фактор кој придонесува за околу 30% сообраќајни незгоди со смртен исход. Најголем дел од сообраќајните незгоди се случуваат при брзини помали од 60,0 км/ч, што значи во градски средини. Токму со ова законско решение, значајно ќе се подобри безбедноста на сообраќајот во градски средини, а посебно ќе се подобри безбедноста на ранливите категории на учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, деца), од причина што само со овој потег ќе се зголеми можноста преку 70% од учесниците во сообраќајни незгоди од овие категории да останат живи.

               Со жалење можеме да констатираме дека процентот на возачи коишто го користат сигурносниот појас во Р.М. се движи околу 40%, кај совозачите овој процент е нешто помал и изнесува околу 30%, додека пак сопатниците во возилата на задните седишта скоро и да не користат сигурносен појас. Токму поради ова, значајни се одребите коишто се однесуваат за употреба на сигурносен појас и РСБСП смета дека значително ќе влијаат на подигнување на свеста и дисциплината за користење на сигурносен појас, не само од возачите туку и од сопатниците во возилото.

               РСБСП ја поздравува новата одредба од предложениот закон којашто се однесува на задолжителна употреба на детско седиште за деца на возраст до 5 години, бидејќи користењето на детски седишта ја намалува можноста за повреди кај децата при сообраќајни незгоди и според статистичките податоци, намалувањето на можноста од повреди кај деца од  0-4 години кои седат на детско седиште изнесува околу 50%.

              Предлагачот на Законот ги перцепирал недостатоците во сообраќајниот систем во поглед на користењето на системите за пасивна безбедност и предлага зголемени контроли и ригидно спроведување на казнените одредби за возачите на мопеди и мотоциклисти коишто во текот на возењето нема да користат заштитен шлем.

              Особено е значајно зголемувањето на обврската за правните и физичките лица кои вработуваат возачи, дека се должни да се грижат возачите на нивните возила да ги исполнуваат пропишаните здравствени и други услови неопходни за безбедно управување со возилата. Во делот на оспособување на идните кандидати за возачи кои што воедно претставува и основа за стекнување на знаења на идните возачи за безбедно учество во сообраќајот како и во делот на полагањето на возачките испити, предвидените законски решенија поставуваат повисоки стандарди во обуката и спроведувањето на тестирањето.

              РСБСП со своите активности ќе помогне во имплементацијата на Законот и согласно досегашната пракса останува тело чијашто надлежност е да ги координира работите поврзани со сообраќајно-превентивното дејствување на национално ниво.

              Во таа насока Советот ќе продолжи да ја исполнува својата обврска за:

    • соработка со средствата за јавно информирање, заради навремено, целосно и објективно информирање на јавноста за мерките за унапредување на сообраќајната превентива и безбедноста на сообраќајот на патиштата, во насока на новите одредби од ЗБСП,
    • унапредување на работите поврзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата,
    • унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развивање на сообраќајно-образовната работа на предучилишните установи и училиштата;
    • остварување на соработка и координација во превентивната работа на државните органи, институциите, правните лица и другите субјекти по прашањата на самозаштита во областа на сообраќајот на патиштата;
    • организирање и учество во сообраќајно-воспитни акции и манифестации од областа на сообраќајната превентива;
    • поттикнување, развивање и помагање на научно-истражувачка работа во  областа на сообраќајот на патиштата;
    • набавка и издавање на сообраќајно-воспитни публикации, филмови и слично;
    • организирање на научни и стручни собири за работа од областа на безбедноста на патниот сообраќај.

              Праксата и научните истражувања укажуваат дека најдобри резултати кога е во прашање безбедноста на сообраќајот се постигнуваат со еден системски приод и во комбинација на превентивни мерки за подигнување на јавната свест, зголемена сообраќајна едукација и цврста примена на Законските одредби во целост, вклучително и одредбите за глобите и казните.

              Ваквиот пристап кој е застапен во предлог Законот за безбедност во сообраќајот може да биде добра основа и гаранција дека со предложениот закон, безбедноста на сообраќајот на патиштата ќе се зголеми.”

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    child-road-accident-claims
    Претходна Објава:
    Како да ги заштитиме децата во сообраќајот?
    Следна Објава:
    Алкопатролата на РСБСП денес во посета на Барбакан Бистро
    10322761_963769130330784_1697763843476042130_n
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со нова кампања за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и е-тротинети за нивно безбедно учество во сообраќајот
    • РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата
    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS