„Инклузија во сообраќајот – секое дете е важно“ е публикација посветена на безбедноста на учениците како учесници во сообраќајот, со посебен фокус на децата со попреченост и нивните специфични потреби. Таа нуди препораки за едукација, развивање на сообраќајна култура и обезбедување на соодветна инфраструктура, како и улогата на училиштата, семејствата и заедницата во создавање безбедна средина. Со инклузивен пристап и заеднички напори, можеме да обезбедиме сите деца – без разлика на нивните способности – да се движат сигурно и заштитено во секојдневниот сообраќај.
РСБСП ја споделува оваа едукативна публикација, која е создадена од надворешните автори: Сања Точева-Специјален едукатор и рехабилитатор во ООУ,,Кочо Рацин“-Нов Дојран, Гордана Терзиева-наставник ментор по биологија и хемија во ООУ,,Кочо Рацин“-Нов Дојран
inkluzija-vo-soobrakjajot-sekoe-dete-e-vazhno-web