Вие сте тука

„Го сакам градот безбеден“ – оваа недела во Охрид

Во рамките на кампањата „Недела за безбедност на сообраќајот во мојата општина“  а која се  одвива под мотото „Го сакам градот безбеден“,   Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општина Охрид, СВР Охрид, ОСБСП Охрид и другите општествени чинители во наредните седум дена во Охрид  ќе организираат повеќе  сообраќајно превентивни активности со цел побезбеден град и побезбеден сообраќај.

Велосипедското дефиле кое денес се организира  го означува почетокот на Неделата за безбедност во сообраќајот во Охрид.   Пораката која денес се испраќа до граѓаните е поголема употреба на велосипедот  како сообраќајно превозно средство  за побезбеден и почист град.   Подобра сообраќајна инфраструктура, одговорни велосипедисти и совесни возачи кои ги почитуваат велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот  е она што му е потребно на Охрид  и она што ќе го направи Охрид  да биде  велоград – потенцираат од РСБСП.

„Го сакам градот безбеден“ е главната порака која наредните седум дена ќе се пренесува во Охрид.  Акцијата ќе опфати  голем број на активности наменети за сите групи учесници во сообраќајот.  Ќе бидат организирани алкопатроли и други јавни настани во повеќе  угостителски објекти со цел едукација на младите за неуправување на моторно возило под дејство на алкохол.  Ќе бидат организирани и  активности за едукација на возачите  за некористење на мобилни телефони  при управување со моторно возило, ќе бидат организирани мобилни патроли за подигање на свеста за поголема употреба на заштитни кациги од страна на мотоциклистите, мобилни патроли за едукација на пешаците за нивно одговорно учество во сообраќајот, и др.

 Информираност, едукација и подигање на  свеста за побезбеден сообраќај  е она кое што ќе се случува во Охрид во наредните седум дена, а што ќе биде поддржано и промовирано  и од повеќе јавни личности – поддржувачи  на  кампањата „ Го сакам градот безбеден“ .

Охрид е важен туристички центар за Република Македонија.  Градот живее и се подготвува за новата туристичка сезона.  Целта на РСБСП и на поддржувачите на акцијата „Го сакам градот безбеден“ е покрај другото,  градот и граѓаните да се подготваат за побезбеден сообраќај.  Туристичката сезона значи и погуст сообраќај, поголем интензитет на сообраќајот и поголем ризик за загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.   Токму затоа,  неопходна е поддршката од сите граѓани и од сите општествеени чинители  за безбеден град, за безбеден сообраќај, за безбедно лето во Охрид.

Сите ние поединечно и сите заедно како целина го сочинуваме сообраќајниот систем. Од секој од нас поединечно и од нашите лични одлуки и од нашето однесување во сообраќајот зависи животот и здавјето на голем број учесници во сообраќајот.

Да го направиме градот безбеден, да ги почитуваме сообраќајни правила и прописи  и да го заштитиме животот и здравјето  на сите учесници во сообраќајот е пораката која РСБСП ја испраќа до граѓаните на Охрид и до сите оние кои наредниот период ќе престојуват или поминуваат низ Охрид.

Го сакам животот!  Го сакам градот безбеден!  Недела за безбедност на сообраќајот во Охрид!

 

 

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2018 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media