Погледнете ја галеријата од активностите на Граничниот Премин Табановце во рамки на кампањата „Вози Одморен“ во соработка со Агенцијата за Безбедност на Сообраќајот од Република Србија. Кампањата се реализира долж коридорот 10 на територијата на Република Северна Македонија и на Република Србија каде, во овој период од летото, е зголемен бројот на возила од двете држави, но и од странство, кои транзитно поминуваат по овој коридор.