Активности од кампањата „ВОЗИ ОДМОРЕН“ со Агенцијата за Безбеност на Сообраќајот на Р. Србија – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Активности од кампањата „ВОЗИ ОДМОРЕН“ со Агенцијата за Безбеност на Сообраќајот на Р. Србија

    1. Насловна
    2. Активности
    25 јули 2024

    Во рамки на летната кампања „За безбедно лето“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата неколку години реализира заеднички активности со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија, под мотото „Вози одморен“.

    Кампањата се реализира долж коридорот 10 на територијата на Република Северна Македонија и на Република Србија каде, во овој период од летото, е зголемен бројот на возила од двете држави, но и од странство, кои транзитно поминуваат по овој коридор.

    Токму заради ваквата зголемена сообраќајна фреквенција на моторните возила се спроведуваат активности од кампањата „Вози одморен“ со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, и кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот, при што возачите се потсетуваат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не го занемаруваат заморот бидејќи е еден од најголемите предизвикувачи на сообраќајни незгоди заради високите температури и подолгите релации на кои вообичаено патуваат во летниот период.

    Затоа, РСБСП реализира активности од кампањата „Вози одморен“ заедно со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија, Министерствата за внатрешни работи од Република Северна Македонија и од Република Србија и Факултетот за безбедност – Скопје.

    На 25 јули, на интегрираниот граничен премин Прешево-Табановце, се реализираа активности од едукативно-превентивен карактер на кој беа присутни Панче Тошковски, министер за внатрешни работи на РСМ, Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи на Р. Србија, Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, Бранко Стаматовиќ, в.д. директор на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Р. Србија, и други претставници од релевантни институции од двете држави.

    Возачите кои поминуваа на ГП Прешево-Табановце беа потсетени да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се прилагодат на условите на патот, да патуваат одморени и наспани, затоа што сообраќајните незгоди кои се резултат на заморот често завршуваат со фатални последици. На возачите им беа поделени едукативно-превентивни материјали, вода и безалкохолни пијалоци, додека компанијата ОКТА донираше ваучери кои возачите можат да ги искористат за освежување со кафе и одмор на најблиската бензинска станица на ОКТА.

    Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП упати апел:

    Возачите да се одморени и наспани, по можност да патуваат во утринските часови додека температурата на воздухот е пониска, да прават повеќе паузи, на секои 2 часа да одморат барем 15 минути, да консумираат повеќе вода и безалкохолни пијалоци, да возат внимателно и да се грижат за својата безбедност и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

     

    " Агенција Безбедност на Сообраќај, Вози Одморен, ВозиОдговорно, Ивица Дачиќ, Кампања, РСБСП, Совети, Сообраќај, Србија
    Претходна Објава:
    Кампања „Алкохолот е лош сопатник – не пиј кога возиш!“
    Следна Објава:
    ГАЛЕРИЈА: Активности од кампањата „ВОЗИ ОДМОРЕН“ на Г.П. Табановце
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS