РСБСП новата 2024 година ја започна со посети на болници во Битола, Скопје, Прилеп, Куманово, Тетово и Струмица. На мајките на првите новороденчиња им беа донирани детски седишта за во автомобил, со желби за среќна Нова година, здравје и многу радосни мигови.
Во име на РСБСП, во Клиничките болници донациите ги врачија:
– во Битола – претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска,
– во Скопје (во Клиничка болница – Скопје и во болницата во Чаир) – Лејла Ставилеци и Емел Фејзула,
– во Прилеп – Марко Богданчевски,
– во Куманово – Берат Кадриу,
– во Тетово – Фиторе Зибери и
– во Струмица – Ацо Киров.







