Добар одмор – за безбедно патување – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Добар одмор – за безбедно патување

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Добар одмор – за безбедно патување
    25 јули 2017

    Без разлика дали патувате  преку ден или во текот на ноќта,  од клучно значење е да бидете добро одморени.

    Плановите за одмор се при крај и со нетрпение сите го очекуваат летниот одмор поминат на некоја плажа со најблиските. Оние кои се подготвуваат да заминат на одмор сигурно веќе пресметале дека е поевтино да летуваат во сопствена режија, отколку преку агенција која би го организирала патувањето.

    Доколку имате одлучено да патувате со автомобил, сигурно сте размислувале и за тоа кога е најдобро време да се тргне на долго патување, дали преку ден или во текот на ноќта, а во продолжение  РСБСП  ќе се обиде да укаже на недостатоците и предностите на денското и ноќното патување.

    Возење преку ден

    Најголемата предност на управување на возилото на долги патувања во текот на денот е тоа што видливоста е многу поголема, полесно и порано се видливи  и полесно се перципираат  сите елементи кои влијаат на безбедноста во сообраќајот, полесно се идентификуваат потенцијалните закани, пречки и можните  опасни ситуации во сообраќајот.

    Сите бензински станици, аптеки и продавници работат, а и многу полесно пристигнува  службата за помош, доколку се најдете во неволја или автомобилот е во дефект. Возење во текот на денот е  особено погодно за луѓето кои користат  диоптерски леќи или очила.

    Сепак покрај предностите, како најголема пречка  за возење преку ден се смета зголемениот интензитет на сообраќај. Најголемата разлика во однос на ноќното возење е што во текот на денот возачите често ги пресретнуваат големи товарни камиони и машини кои се бавни и кои зад себе создаваат колони.

    Исто така, во текот на денот поголеми се и гужвите на бензинските станици,  наплатните рампи за патарина и на  граничните премини. Се вози по исклучително високи температури, а секое подолго чекање во колона значи подолго и поголемо изложување на сонце, а тоа најтешко го поднесуваат најмладите патници, особено доколку во возилото нема клима, иако тоа веќе и не е честа појава.

    РСБСП апелира до возачите:  Бидете внимателни,  надворешната и внатрешната температура во возилото да не биде поголема од седум степени, а исто така правете и чести паузи. Најдобар совет е да се тргне на пат  тогаш  кога возачот ќе биде добро одморен.

    Ноќно возење

    Најголемата предност која ја има возењето во текот на ноќта е помалиот интензитет на сообраќајот, како и фактот дека нема метеж на граничните премини, патарините и бензинските  станици. Статистичките податоци покажуваат дека во текот на ноќта се случуваат и помалку сообраќајни несреќи но, доколку се случи тие се со катастрофални последици. Температурите во ноќта се значително намалени, а со тоа и возењето е попријатно. Доколку на патиштата има застој, чекањето е многу полесно заради пријатните температури, а исто така ноќта е период кога најмалите спијат, па возачот има мир и концентрација.

    Но една од најзначајните маaни во ноќното возење е тоа што видливоста на патот е значително намалена, па многу тешко може навремено да се идентификуваат заканите и препреките на патот. Лицата кои имаат послаб вид, не би требало да да возат навечер. За време на ноќното возење често се случува возачот да почувствува криза за спиење и веднаш треба да застане за да одмори, а тоа најчесто се случува во периодот помеѓу четири и шест часот наутро.

    Имајте безбедно и пријатно патување. Организирајте го патувањето спрема вашите лични афинитети и секогаш патувајте одморени. РСБСП Ви посакува безбедно патување!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Правилниот избор на пневматици важен за безбедноста во сообраќајот
    Следна Објава:
    Реконструкција и изградба на патишта, времен режим на сообраќај, црни точки – закана за безбедноста во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS