Учениците од ООУ “Александар Македонски“ од Општина Аеродром денес низ улиците и плоштадот во Општина Аеродром, упатија пораки до возрасните за нивно внимателно учество во сообраќајот. На настанот учениците заедно со претставници од МВР и РСБСП им поделија едукативен материјал на возачите и случајните минувачи, потсетуваќи ги да внимаваат на нивната безбедност додека управуваат со своите моторни возила.