На иницијатива на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес се одржа средба помеѓу претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, претставници од националните здруженија на авто школи и инструктори и претставници од АСУЦ “Боро Петрушевски”.
На состанокот се дискутираше на две теми и тоа:
- Унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку унапредување на Програмата за обука на кандидатите возачи.
- Унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку унапредување на обуката на стручниот кадар во автошколите.
На средбата беа разгледани повеќе светски пракси за унапредување на Програмата за обука на кандидатите возачи, стручниот кадар и автошколите и исто така беа изложени проблемите со кои што моментално се соочуваат авто школите, се со цел преку една заедничка соработка да се изнајдат трајни и правилни решенија за поквалитетна обука и работа на Авто школите.
Присутните се согласија и понатаму да продолжат со соработка и по разгледување на предлог заклучоците да одржат наредна средба до крајот на Ноември 2016 година.