Да ги заштитиме децата во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Да ги заштитиме децата во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    img_8089
    23 септември 2015

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денес ги промовираше сообраќајните линијари кои се намененети за децата од основните училишта. Проектот е реализиран во соработка со Министерството за внатрешни работи, а финансиски помогнат од страна на мисијата на ОБСЕ во Скопје. Ова практично е почеток на кампања насловена „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ која во наредните три месеци  ќе се реализира во соработка со МВР, МОН, ОБСЕ и единиците на локалната самоуправа.

    Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски истакна дека кампањата ќе биде широка и сеопфатна и ќе се реализира во три сегменти:

    – Кампањата ќе биде широка и сеопфатна. Истата ќе се реализира преку три сегменти: првиот сегмент е денешниот настан – промоција на сообраќајните линијари, вториот сегмент е едукативни предавања кои ќе се реализираат во образовните инситуции во Република Македонија и третиот сегмент се едукативните и промотивни настани во кои свој придонес ќе дадат познати – јавни личности и личности од македонската естрада, изјави Стаменковски.

    Освен ова, значајно е да се напомене дека РСБСП на последната седница донесе одлука за започнување на процес на анализа во кој ќе се утврдува начинот преку кој сообраќајот ќе треба да стане дел од редовниот образовен процес во Република Македонија. По завршувањето на анализата РСБСП ќе излезе со конкретни мерки и активности за реализација на овие активности. Сите овие мерки се насочени кон подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот и намалување на бројката на деца-жртви во сообраќајни несреќи – додаде Стаменковски.

    Анастасија Илијоска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи истакна дека МВР активно ќе се вклучи во реализација на оваа кампања. Министерството за внатрешни работи во соработка со РСБСП ќе организира едукативни предавања кои во престојниот период треба да ги посетат сите градинки, основни и средно училишта. МВР  и РСБСП воедно апелираат на широка општествена поддршка за подигнување на свеста за заштита на децата како учесници во сообраќајот.

    Статистиката покажува дека во 2014 година, 11 деца го загубиле животот во сообраќајни несреќи. Само за првите шест месеци од оваа година бројката изнесува 12 детски животи. Кампањата е дел од годишната програма за работа на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, а истата е дел од реализацијата на целите од националната стратегија за безбедност во сообраќајот на патиштата во која е поставена цел „0 деца – жртви во сообраќајни несреќи“.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    11903976_960921983948832_948721933990731156_n
    Претходна Објава:
    Кампањите помагаат, но за сообраќајна култура е потребно време! Интервју на Камелија Спасова член на РСБСП
    Следна Објава:
    Бројот на деца – жртви во сообраќајот мора да биде нула! – Интервју на Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски за весникот Нова Македонија
    stojce-stamenkovski-int146-1
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS