Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и понатаму продолжува со спроведување на сообраќајно едукативните трибини низ Р. Македонија.
Овај пат, тимот на РСБСП беше во посета на СОУ Гимназија “Кочо Рацин” во Велес, каде одржа сообраќајно едукативна трибина со наслов “Безбедноста на прво место – учествувај одговорно” .
На трибината со свое предавање пред средношколците се обратија , Проф. др. Виктор Камиловски, др. Татјана Баевска – Вучковиќ и г-дин Љупчо Ставрески.