Денес во Битола, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со ОСБСП Битола и СВР Битола – Отсек за превенција, реализираа активности од кампањата „Паркирај совесно! Паркирај одговорно!“.На учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со превентивно-едукативна содржина и корисни совети за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата. Акцент беше ставен на непрописно паркираните возила кои не само што го отежнуваат движењето на пешаците, велосипедистите и моторните возила, туку се и потенцијална опасност за предизвикување на сообраќајни незгоди.