По повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Женската ракометна федерација на Македонија со заедничка кампања упатуваат силна и јасна порака: безбедноста во сообраќајот е прашање на достоинство, еднаквост и право на сигурност за секоја жена.
Овој ден не е само симбол на историска борба за права и еднакви можности. Тој е потсетник дека општеството напредува тогаш кога создава услови во кои жените се чувствуваат безбедно, почитувано и рамноправно – на работното место, во семејството и на патот.
Жените се возачи и активни учеснички во сообраќајот и двигатели на позитивни промени. Статистиката и практиката потврдуваат дека жените често се пример за повисок степен на сообраќајна дисциплина и одговорност. Но, безбедноста не смее да зависи од индивидуалните напори – таа мора да биде системска вредност и заедничка обврска.
Во таа насока оваа година РСБСП во соработка со Женската ракометна федерација на Македонија со заедничка кампања апелира на почитување на жените како рамноправни учеснички во сообраќајот.
Со оваа кампања, ја истакнуваме потребата од:
– Почитување на правилата во сообраќајот како израз на почит кон животот.
– Нулта толеранција кон агресивното и ризично однесување во сообраќајот.
– Создавање сообраќајна култура што ги штити најранливите категории учесници.
8-ми Март е ден на признание, но и ден на одговорност. Да изградиме средина во која секоја жена ќе се учествува во сообраќајот слободно, безбедно и достоинствено.
Безбедноста во сообраќајот не е привилегија – таа е обврска.
Нека 8-ми Март биде поттик за повеќе одговорност, солидарност и безбедност во сообраќајот за сите.