Во рамки на програмата за имплементација на развојната програма 2024-2044 на УНДП за следење на индикаторите Претседателот на РСБСП, м-р Горан Ангеловски, и членови на Советот беа дел од работилница за консултација на засегнати страни за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот на патиштата која се одржа на 11. декември во хотелот Александар Палас во Скопје, во организација на Владата на Р.С. Македонија преку Генералниот секретаријат, а партнерство и под покровителство со УНДП.
Експертите за безбедност на сообраќајот ја презентираа Нацрт-методологијата за индикаторите за безбедност во сообраќајот на патиштата, при што ги споделија методите за следење на индикаторите, како што се брзината на движење, употреба на согурносен појас, користење на детско седиште, возење под дејство на алкохол и дрога, одвлекување на внимание, возила, патна инфраструктура и грижа по сообраќајна незгода.
Ова учество претставува потврда за континуираната работа, ангажман и стручност на Советот во насока на подигнување на свеста и унапредувањето на општата безбедност во сообраќајот на патиштата.

Претседателот Ангеловски истакна дека ваквите настани се силен мотив РСБСП, кој е партнер во оваа програма да продолжи со уште поголем интензитет да работи на проекти кои ќе придонесат кон создавање побезбедни сообраќајници за сите граѓани.
РСБСП останува посветен на својата мисија – да придонесува за побезбеден сообраќај и да ја постави безбедноста како врвен приоритет за сите учесници и чинители во сообраќајот.