Во рамки на летната кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“, во соработка со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија, денес на Граничниот премин Табановце / Прешево, се одржа превентивно-едукативна активност за подигнување на сообраќајната свест кај возачите за улогата на заморот при возењето и внимателноста при управувањето со возила во летниот период.
Акцијата беше реализирана во соработка со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Србија, МУП на Република Србија, Министерството за внатрешни работи (Регионалниот центар за гранични работи Север и Мобилната единица за Безбедност на сообраќајот на патиштата), компанијата ОКТА, Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) и медумскиот поддржувач Македонското радио – Радио Скопје.
„Во летниот период поради високите температури и долгите патувања и заморот, зголемен е ризикот од појава на сообраќајни несреќи, затоа со оваа кампања апелираме до сите возачи за време на долгите патувања почесто да прават паузи, да не возат под замор, да бидат внимателни на патиштата и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, порачаа организаторите.