РСБСП и СВР Скопје на терен за поголема безбедност на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП и СВР Скопје на терен за поголема безбедност на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    8 август 2025

    Теренските активности како дел од напорите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Отсекот за превенција при СВР Скопје, продолжуваат и во август – како дел на тековните кампањи „Безбедно на мотор – #НосиКацига “, „Безбедно на велосипед #ЗавртиНаСигурно“ и „Безбедно со тротинет“. Целта на активностите е подигнување на јавната свест и намалување на бројот на повредени лица кои управуваат со мотоцикл, велосипед или електричен тротинет.


    Активностите беа реализирани на булеварот Партизански Одреди во Скопје, на потегот во Карпош 3 помеѓу Поликлиниката Букурешт и шеталиштето кај Т.Ц. Лептокарија, како една од најфрекфентните сообраќајници со велосипеди, е-тротинети и мотори во градот.

    Во текот на акцијата беа дистрибуирани едукативни материјали, беа спроведени разговори со возачите и беа дадени практични совети за правилно и прописно учество во сообраќајот, заеднички со Одделението за превенција укажавме на опасноста од повредите кои настануваат од невнимателно управување со овие возила, како и одговорноста на секој поединец во почитување на Законската регулатива и носењето задолжителна заштитна опрема.

    Преку овие сеопфатни превентивни кампањи, РСБСП и Министерството за внатрешни работи испраќаат јасна порака: безбедноста на најранливите учесници во сообраќајот е приоритет. Апелот до учесниците во сообраќајот е да внимаваат, да носат заштитна опрема, да се движат внимателно и одговорно, и да бидат пример во сообраќајот преку почитување на правилата и прописите.

    РСБСП укажува: Сите заедно можеме да направиме улиците побезбедни!

    " Безбедно на мотор, електирчни, Кампања, МВР, РСБСП, СВР Скопје, Скопје, Тротинети
    Претходна Објава:
    „Безбедно во лето #ВозиОдморен“ – заедничка превентивна активност со МВР на Г.П. Табановце
    Следна Објава:
    РСБСП Карванот за безбедност во сообраќајот овој викенд во Охрид
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд по повод „Први мај“!  
    • РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај
    • Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS