Европска недела на мобилност 2024 – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Европска недела на мобилност 2024

    1. Насловна
    2. Активности
    16 септември 2024

    Секоја година во третата седмица од месец септември РСБСП, во соработка со МВР и Факултетот за безбедност Скопје, реализираат кампања за одржлива урбана мобилност по повод Европската недела на мобилност во сообраќајот. Целта на оваа кампања е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативните форми на мобилност.

    Во рамки на Европската недела на мобилност се спроведуваат активности за подигање на свеста за користењето на велосипед, јавен превоз и други еколошки транспортни решенија. На таков начин ќе се обезбеди унапредување на заштитата на околината, намалување на бучавата и емисијата на издувни гасови од моторните возила, поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, унапредување на навиките за квалитетно живеење и подобрување на здравјето на луѓето.

    Велосипедскиот сообраќај е еколошки најодржлива форма на сообраќај. Велосипедот е средство за транспорт со кое може директно да се пристапи до целта на патувањето и тоа неспоредливо поевтино од користењето на кое било друго превозно средство. Возењето велосипед се промовира заради следното:

    • велосипедот троши малку енергија,
    • не ја загадува околината,
    • не му е потребен голем простор за движење и за паркирање, а паркирањето е бесплатно,
    • придонесува за намалување на сообраќајниот метеж,
    • придонесува за унапредување на здравјето.

     

    РСБСП апелира: Возете велосипед! Изберете еколошко транспортно средство. Да придонесеме за еколошко и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата.

     

     

    " Активности, Велосипедисти, ВозиОдговорно, Препораки, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    КАМПАЊА „БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ НА ТРАКТОР И ЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ“
    Следна Објава:
    Делегација на РСБСП на свеченото отворање на ХХХ-от државен натпревар по прва помош
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
    • РСБСП во Струмица со едукативно предавање за повозрасните граѓани во рамки на „Недела на пешаците“
    • РСБСП со нова кампања ја започнува „Недела на пешаците“ и побезбеден сообраќај за пешаците

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS