На покана на Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ), делегација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во состав м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП и м-р Тони Јакимовски, секретар на РСБСП, присуствуваа на свеченото отворање на ХХХ-от државен натпревар по прва помош кој се одржа на 21 септември 2024 година во паркот „Ѓорче Петров“ во Скопје.
На свеченото отворање присуствуваа и г-дин Лулзим Алиу, заменик министер за образование и наука, г-дин Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, г-дин Ромел Велев, претседател на ЦКРСМ и г-дин Саит Саити, генерален секретар на ЦКРСМ.
По свеченото отворање, присутните делегации ги посетија пунктовите каде што се одржуваше натпреварувачкиот дел.
Пораката која беше пренесена за време на ХХХ-от државен натпревар по прва помош беше потребата од подигање на свеста за значењето на првата помош, обезбедување на обуки и услуги за различни целни групи со цел да се подобри безбедноста и севкупното здравје на луѓето.